Димитриевски е против избор на претседател во Собранието
Кандидатот за претседател од движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски се претстави во Скопје и во Гостивар. Тој се залага за формирање специјален тим за борба против корупцијата и реформи во правосудството. Се противи на изборот на претседател во Собранието...

Кандидатот за претседател на движењето „ЗНАМ“, Максим Димитриевски им порача како што рече на оние кои се претставуваа некогаш како „зелени“, а сега како „Европски фронт“ и кои водат монолитна и моноетничка политика со цел да ја претворат Македонија од прост во сложен тип на држава, дека за него се неприфатливи уставни измени за избор на претседател во Собранието. Димитриевски додава дека изборот треба да е непосреден како и до сега.
На средбите со скопјани тој посочи дека доколку ја добие довербата уште во првите 100 дена ќе ја почне битката со корупцијата која е насекаде во земјава. Претседателот може да направи државна стратегија за сузбивање на корупцијата која ја осиромашува што според Светска банка, вели, растот ни стагнира и е најнизок во регионот. За тоа ќе биде потребен вистински лидер кој ќе им даде поддршка на сите институции кои се борат со неа.
Фиљана Кока
