Ванковска на средби со граѓани во Скопје
„Имам идеја, имам идеологија, битката ќе биде долга, но ќе победиме“, порачува кандидатката за претседател од Левица, Билјана Ванковска. Таа денеска имаше средби со граѓаните во скопските општини Центар и Кисела Вода...

Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска, на средби со граѓаните во Скопје. На Зелениот пазар ги слушна проблемите на пазарџиите.
Пред медиумите изјави дека владата е некоректна со препораката на денот на изборите од работа да се ослободени самовработените во јавната администрација, но не и во приватниот сектор. На ова Ванковска гледа како на дискриминација.
Доколку бидам избрана за претседател, вели Ванковска, ќе преземам активности во насока на внатрешно помирување и обединување.
Тоа значи дека првенствена цел на претседателот е да создаде клима за надминување на длабоката поделеност не само меѓу Македонците туку и во меѓуетничките односи. Ликот на претседателот е лик на целата нација, без оглед на индивидуалните и на групните разлики.
„Македонија не е ниту бинационална држава ниту федерација“, рече Ванковска.
Миле Ристески
