Македонија
Нов напад со нож во Сиднеј, избоден бискуп
15.04.2024 16:41
На снимката којашто сè уште не ја потврди полицијата, се гледа како напаѓачот се упатува до олтарот и со нож го напаѓа бискупот...

Најмалку четири лица се повредени во напад со нож во црква во западниот дел на Сиднеј, додека свештеник водел богослужба која во тој момент се емитувала во живо на интернет. На снимката којашто сè уште не ја потврди полицијата, се гледа како напаѓачот се упатува до олтарот и со нож го напаѓа бискупот.
Повредените се на возраст од 20 до 60 години. Нападот доаѓа по синоќешниот сличен инцидент во трговски центар во Сиднеј, во кој 40-годишен маж избоде до смрт шест жени и еден службеник од обезбедувањето, пред да биде застрелан од полицијата.
