атлетика

Алекна го урна светскиот рекорд во фрлање диск

15.04.2024 21:27

Младиот Литванец, Миколас Алекна постави нов светски рекорд во фрлање на диск на натпреварувањето во Рамона, САД, остварувајќи достигнување од 74.35 метри …

Литванскиот атлетичар Миколас Алекна на натпреварот во Рамона, САД, го урна светскиот рекорд во фрлање диск. Со тоа го надмина најстариот рекорд во машката атлетика кој претходно беше во сопственост на сега 63-годишниот Јирген Шулт кој во 1986 во Нојбранденбург оствари достигнување од 74.08 метри.

Алекна е двократен освојувач на медали на светските првенства на отворено. Тој освои сребрен медал на Светското првенство во Орегон во 2022 година и бронзен медал минатото лето во Будимпешта.

Со овој резултат, овој 21-годишен Литванец сега е пред својот татко кој е на третото место на вечната ранг-листа.