Грузија

Тепачка во грузискиот парламент

15.04.2024 21:58

Лидерот на владејачката партија „Грузиски сон“-главниот носител на законот, беше удрен од пратеникот на опозицијата по што инцидентот прерасна во поголема тепачка меѓу пратениците...

Грузиските политичари се судрија во парламентот за време на расправата за законот за „странски агенти“ што владејачката партија се обидува да го донесе. Лидерот на владејачката партија „Грузиски сон“-главниот носител на законот, беше удрен од пратеникот на опозицијата по што инцидентот прерасна во поголема тепачка меѓу пратениците.

Пред Собранието стотици Грузијци протестираа против контроверзниот закон кој ги наруши односите со европските земји и со САД. ЕУ, која на Грузија и додели кандидатски статус во декември, рече дека потегот е некомпатибилен со вредностите на блокот.