Продолжува изборната кампања за претседателските избори
Продолжува изборната кампања за претседателските избори, кандидатите и денеска со митинзи, дебати и средби со граѓани ...

Продолжува изборната кампања за претседателските избори, кандидатите и денеска со митинзи, дебати и средби со граѓани. Кандидатката од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова ќе ја претстави изборната програма пред жителите на Дојран, Валандово и Гевгелија.
Претседателскиот кандидат поддржан од СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски денеска ќе биде на средба со граѓани во Чашка, Свети Николе и митинг во Велес. Претендентката за претседател од Левица, Билјана Ванковска ќе има средби со граѓани во Виница и во Кочани.
Претседателскиот кандидатот од движењето Знам, Максим Димитриевски денеска е во Скопје. Карванот со активности го продолжува и кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски. и кандидатот на Европскиот фронт, Бујар Османи ќе продолжува со претставување на својата програма, а неговиот опонент од здружената албанска опозиција ВРЕДИ, Арбен Таравари е на средби со граѓани во Скопје.
