Пожар
Пожарот кај тетовско село Селце сè уште е активен
16.04.2024 09:06
На терен се противпожарните екипи од Тетово, ренџерите од Националниот парк Шар Планина, а вклучени се и хеликоптери од Министерството за внатрешни работи...

Пожарот кај тетовско село Селце сè уште е активен. И денеска на терен се противпожарните екипи од Тетово, ренџерите од Националниот парк Шар планина, а вклучени се и хеликоптери од Министерството за внатрешни работи.
Опасност за соседното село Лавце нема, а пожарот е далеку и од другите населени места, соопштуваат од Центарот за управување на кризи.
Оттаму информираат дека се евидентирани 22 пожари на отворено, од нив осум сè уште се активни.
