Сообраќај

МВР: 188 санкционирани возачи во Скопје

16.04.2024 09:08

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, информираат од МВР.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 188 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, четири мерки за управување под дејство на алкохол …

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, стои во соопштението.