Без избрана порота одложено судењето на Трамп
Првиот ден од историското судење за поткуп против Трамп во Окружниот суд на Менхетен, се одложи без избрана порота...

Првиот ден од историското судење за поткуп против Трамп во Окружниот суд на Менхетен, се одложи без избрана порота. Судијата разреши десетици потенцијални поротници кои рекоа дека не можат непристрасно да одлучат за случајот на поранешниот претседател.
За процесот да продолжи, потребно е да се изберат дванаесет поротници и шест заменици. Изборот на поротата од жителите на претежно демократскиот Менхетен, може да потрае неколку дена. Доколку Трамп биде прогласен за виновен тоа нема да го спречи да ја преземе функцијата претседател на претстојните избори.
Трамп е обвинет за фалсификување деловни документи и исплата на 130 илјади долари за да прикрие наводна афера. Делото е едно од четирите обвиненија со кои се соочува.
