Грузија
Нови протести поради законот за „странски агенти“ во Грузија
16.04.2024 09:17
Грузиската полиција и демонстрантите лице в лице на протестот пред Парламентот за контроверзниот закон за „странски агенти“...

Грузиската полиција и демонстрантите лице в лице на протестот пред Парламентот за контроверзниот закон за „странски агенти“ кој предвидува медиумите и некомерцијалните организации да се регистрираат под странско влијание доколку добијат над 20 насто од својот буџет од странство.
Новите демонстрации почнаа откако власта го врати нацрт-законот во собраниска процедура по што изби тепачка меѓу пратениците и седницата беше прекината.
Противниците сметаат дека мерката ги стигматизира независните медиуми и нејзиното усвојување ќе ја попречи Грузија за приклучување кон ЕУ.
