За четири месеци поднесени 671 барање за вештачко оплодување на товар на ФЗОМ

20.06.2014 14:32

ФЗОМ планира едукативни работилници за матичните гинеколози за постапката и документацијата за да го оствари правото на БПО на товар на ФЗОМ...

Годинава, заклучо со април, поднесени се 671 барање за Бимедицинско потмогнато оплодување (БПО) на товар на Фондот за здравство, а лани вкупниот број барања изнесувал 1.718. Во периодот јануари-април 2014 се поднесени 603 барања за прво дете и 68 за второ. Фондот за здравство денеска потсети на потребната медицинска документација за остварување на оваа здравствена услуга.

Потребно е матичните гинеколози внимателно да  ги следат пациентите кои се обидуват да го остварат правото за БПО, за да се намали бројот на случаи кои се враќаат за дополнителна медицинска документација. Ова е со цел осигуреничките навремено да го добијат ваучерот со кој им е овозможено да почнат со постапката за БПО во една од седумте здравствени установи со кои ФЗОМ има склучено договор за услугата - рече директорот на ФЗОМ, Џемали Мехази, на денешната прес конференција. 

ФЗОМ планира едукативни работилници за матичните гинеколози за постапката и документацијата за да го оствари правото на БПО на товар на ФЗОМ.

Сите потребни обрасци, упатството за начинот на остварување на правото на БПО на товар на ФЗОМ и сите други информации се објавени на веб страната на ФЗОМ, www.fzo.org.mk.