УХМР

Најстудено во Берово, најтопло во Скопје и Тетово

16.04.2024 09:22

Како што соопштија од УХМР, осум степени се измерени во Лазарополе, 10 Охрид, Крива Паланка и Попова Шапка, 11 Маврови Анови, Дебар и Претор, 12 степени во Скопје-Петровец, Струмица и Демир Капија, 13 Битола, Штип, Велес, Прилеп, Гевгелија, Кавадарци и Куманово, 14 Крушево и во Виница.

Со измерени седум степени најстудено утрово е во Берово, додека со 15 степени Целзиусови најтопло е во Скопје-Зајчев Рид и во Тетово.

Како што соопштија од УХМР, осум степени се измерени во Лазарополе, 10 Охрид, Крива Паланка и Попова Шапка, 11 Маврови Анови, Дебар и Претор, 12 степени во Скопје-Петровец, Струмица и Демир Капија, 13 Битола, Штип, Велес, Прилеп, Гевгелија, Кавадарци и Куманово, 14 Крушево и во Виница.

Во текот на ноќта имаше појава на мала до умерена облачност. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец кој во Штип достигнуваше брзина до 50 км/час. Изутринава е променливо облачно, дува слаб до умерен ветер од променлив правец, соопштија од УХМР.