ПССЕ денеска ќе расправа за барањето на Косово за членство во Советот на Европа
Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска во Стразбур ќе расправа за прием на Косово во членството на таа паневропска организација...

Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска во Стразбур ќе расправа за препораката за прием на Косово во членството на таа паневропска организација.
Пред пратениците ќе се најде предлог мислењето за барањето за членство на Косово, со кое се препорачува влез на Косово во Советот на Европа.
Документот подготвен од грчката пратеничка Дора Бакојани беше усвоен на 27 март од Комисијата за политички прашања и демократија на ПССЕ.
Доколку Парламентарното собрание на Советот на Европа го усвои Мислењето, конечната одлука за членството на Косово ќе ја донесе Комитетот на министри на Советот на Европа кон средината на мај.
Нацрт-документот денеска ќе го разгледаат пратениците од 46-те земји-членки на Советот на Европа.
