НОБ

Современиот балет „Сага“ денеска во НОБ

16.04.2024 09:54

На сцената на Националната опера и балет вечер, со почеток во 20.00 часот, ќе се изведе современиот балет „Сага“ на Рисима Рисимкин, во рамките на јубилејното 20. издание на Танц Фест Скопје.

На сцената на Националната опера и балет вечер, со почеток во 20.00 часот, ќе се изведе современиот балет „Сага“ на Рисима Рисимкин, во рамките на јубилејното 20. издание на Танц Фест Скопје.

Претставата е дел од програмата „Паралели“, која фестивалот ја остварува во соработка со Националната опера и балет.

Обединети со комплетниот ансамбл на Националниот балет, тие создаваат претстава за луѓето, поминуваат низ историјата и се задржуваат на сегашноста. Либретото се базира врз народни преданија и современа поезија на македонски автори, во кое централно место зазема песната „Везилка“ на великанот Блаже Конески.

Фестивалот има нов концепт и повеќе различни програми, меѓу кои и програмата насловена „Паралели“ во која ќе се прикажат три претстави од репертоарот на Националната опера и балет, со цел да се прикажат современите текови на Националниот балет и да се претстават повеќе домашни кореографи.

Јубилејното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура, Францускиот институт, Австриската амбасада во Скопје и други. Програмата се изведува во соработка со НОБ, МНТ и МКЦ.