Формула 1

Мерцедес најбрз, Ред Бул резервиран

20.06.2014 14:41

По 10 години Формула 1 се врати на патеката А1 ринг сега наречена Ред Бул ринг каде што претстојниот викенд ќе се вози трката за големата награда на Австрија.Само 4 возачи имаат претходно искуство од настапи на атрактивната патека : Раиконен, Батон,Алонсо и Маса, додека за сите други автриското гран-при ќе биде прво искуство во кариерата.

По 10 години Формула 1 се врати на патеката А1 ринг сега наречена Ред Бул ринг каде што претстојниот викенд ќе се вози трката за големата награда на Австрија.Само 4 возачи имаат претходно искуство од настапи на атрактивната патека : Раиконен, Батон,Алонсо и Маса, додека за сите други автриското гран-при ќе биде прво искуство во кариерата. Променливото време на првиот слободен тренинг со повремен слаб дожд донесе многу калкулации околу времето што возачите го минуваа на патеката, но без оглед на на моменти влажната патека сите пилоти времињата ги поставија со меката компонента на пневматици.

Најдобар резултат како и на повеќето  тренинзи во оваа сезона  одново имаа возачите на Мерцедес. Нико Росберг сесијата ја заврши со 1.11.295 или за 14 стоти делови од секундата подобро време од својот тимски колега Луис Хамилтон.Фернандо Алонсо задоцни 3 десетинки, а меѓу првите 5 со најдобри времиња беа и Фелипе Маса на Вилијамс и МекЛаренот на Џенсон Батон. Перез и Хулкенберг најавуваат добар викенд за Форс Индија, а во 1 секунда зад времето на Росберг беа и Ботас и магнусен. Непознаница е Ред Бул. По победата на Рикардо во канада беше најавено враќење на перфомансите на шампионскиот состав , но на првиот тренинг Рикардо забележа 13 време со 1.2 секунди зад Росберг, а Фетел беше 15-ти со повеќе од 1,5 зад најдобриот.

Лотус и натаму е во криза, па се бори со Марусиа и Катерхам, но сепак работите ќе бидат многу појасни по попладневниот втор слободен тренинг.