Протест

Продолжува генералниот штраjк на приватните специјализанти

16.04.2024 10:04

Незадоволни се од платите и бараат регулирање на работниот однос. За денеска е најавена владина седница на која ќе се разгледуваат нивните барања, по што се очекува да бидат донесени заклучоци.

Приватните специјализанти и денеска продолжуваат со генералниот штрајк. Незадоволни се од платите и бараат регулирање на работниот однос. За денеска е најавена владина седница на која ќе се разгледуваат нивните барања, по што се очекува да бидат донесени заклучоци.

Бараат покачување на нивните плати кои во моментот изнесуваат 26.000 денари, здравствено осигурување и да добијат договор за вработување.

Најавија дека нема да се откажат од штрајкот сè додека не бидат исполнети нивните барања.

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси, но нема мерки што би можел да ги преземе до завршување на изборите за да им ги исполни.