Пендаровски: Европската интеграција - гаранција за перспектива на младите
Кандидатот за шеф на државата од Коалицијата за европска иднина, Стево Пендаровски денеска според агендата ќе се сретне со граѓани во општините Чашка, во Свети Николе, а централен митинг ќе одржи во Велес. Тој синоќа пред граѓаните во скопска Гази Баба порача дека ако се работи чесно и одговорно, грижејќи се за целото општество, имаме капацитет да ја доизградиме државата по европски терк...

Европската интеграција е единствениот вистински пат и гаранција за нашата перспектива, за младите луѓе тука да успеат, да се вработат и да оформат семејство, затоа што во Европа се најдобрите универзитети и здравствени системи, а ние се стремиме да бидеме како нив, порача од митингот во Гази Баба кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски. Во однос на францускиот предлог, Пендаровски констатира дека историските прашања не се предуслов за наш напредок.
Пендаровски вели дека во изминатите 5 години како претседател никогаш не бил затворен за јавноста и вети дека ако ја добие довербата ќе остане човек од народот кој ќе има слух за нивните прашања и дилеми.
Анита Димитријевска – Велковска
