Данска
Во пламен една од најстарите згради во Копенхаген
16.04.2024 11:40
Голем пожар во поранешната зграда на берзата во Копенхаген, една од најпознатите и најстари згради во Данска...

Голем пожар во поранешната зграда на берзата во Копенхаген, една од најпознатите и најстари згради во Данска. Пламените јазици го уништија иконскиот покрив од 16-ти век. Во тек е евакуација на анексот на Парламентот кој се наоѓа во близина на опожарената кула. Силните пламени зафатија и околни згради. Причините за инцидентот се непознати.
„И покрај огромните напори не успеавме да го спасиме кровот. Пожарот беше толку силен што се прошири на околните згради, со кои исто така, моравме да се бориме. За среќа немаме жртви ниту повредени“, изјава Јакоб Ведстед, раководител на управувањето со вонредни состојби.
