Ракомет

Вардар директно во група

20.06.2014 14:42

Иако имаше сомнежи дека македонскиот ракометен вицешампион ќе добие шанса низ квалификации да обезбеди место во групната фаза од Лигата на Шампионите, денеска од европската ракометна федерација пристигна информацијата дека не само што ќе игра меѓу елитата, туку РК Вардар заедно со уште 6 екипи доби можност директно да настапува во групната фаза.

Од 9-те поднесени барања за т.н. вајлд –карта ЕХФ им излезе во пресрет на екипите на Вардар, Пик Сегед, Висла,Алборг,ПСЖ и Монпеље. Тоа значи дека Македонија и во новата сезона ќе има два претставника во елитното натпреварување откако и во минатата Вардар и Металург оставија значаен белег на европската ракометна сцена.