Израел: Одговор ќе следува, Иран ќе се соочи со последици
Израел во фокус на светската јавност. Тел Авив предупреди дека Иран ќе се соочи со последиците за своите постапки...

Тел Авив предупреди дека Иран ќе се соочи со последиците за своите постапки по нападот врз Израел. Одговор ќе следува, но формата останува нејасна. Воениот кабинет не објави јавно детали за донесената одлука.
„Иран ќе се соочи со последиците за своите постапки. Соодветно ќе го избереме нашиот одговор. Остануваме подготвена да се спротивставиме на секоја закана“, изјави Херзи Халеви, шеф на генералштабот на Израел.
„Ќе го направиме тоа во времето и распоредот што ќе го избереме“, нагласи Даниел Хагари, портпарол на израелската војска.
САД повикаа на деескалација. Велат дека координираат дипломатски одговор за да спречат регионална војна, но и дека остануваат посветени на безбедноста на своите сојузници.
„САД ќе продолжат да ги преземаат сите неопходни активности за одбрана на Израел и американскиот персонал. Кога станува збор за израелскиот одговор, нема да зборувам во нивно име. Ние јасно кажуваме дека не бараме поширока регионална војна“, изјави генерал-мајор Пет Рајдер, портпарол на Пентагон.
Додека ООН и меѓународната заедница го осудија иранскиот напад, Кина смета дека правото на Техеран да се брани е легитимно. Министрите за надворешни работи на ЕУ на вонреден состанок за ситуацијата на Блискиот Исток. Поради иранскиот напад, Израел ја одложи копнената офанзива во Рафах.
Бојана Крстевски
