ОЈО

Јакнење на соработката меѓу ЈО и Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти

16.04.2024 12:14

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со истражители од Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти ...

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со истражители од Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, предводени од претседателот на ова тело Зоран Илиевски.

На средбата беа разгледани можностите за соработка и идна координација меѓу двете институции во постапувањето по несреќите и сериозните инциденти кои можат да ја загрозат безбедноста на воздушниот сообраќај.

Во таа насока беше договорено да отпочне постапката за усогласување и потпишување на меморандум меѓу Јавното обвинителство и Комитетот со кој ваквата соработка и начинот на постапување во иднина дополнително ќе се унапредат, стои во соопштението од ОЈО.