Здравство

Вирусни инфекции ги наполнија амбулантите

16.04.2024 12:26

Топлото време наместо да ги намали вирусите, ги зголеми. Чекалниците во амбулантите се преполни. За докторите во овој временскиот период не е карактеристично да има зголемен број инфекции...

Топлото време не ги испразни чекалниците и амбулантите во Детската клиника во Козле. Напротив, ги наполни со деца со кашлица, загрижени родители.

Температура, растечен нос, причини за да биде фреквентно и раздвижено, вели докторката Елена Ѓиновска-Тасевска. Дете што игра, јаде и да се накашла, не е болно.

Некои родители панично бараат лекарска помош штом детето ќе пројави први симптоми, други ги лекуваат на своја рака. Неретко имаат лекувани, но недоизлекувани деца.

Според докторката Ѓиновска-Тасевска, побитно е децата да внесуваат разновидна храна, да престојуваат во природа, отколку родителите да им купуваат скапи витамини и суплементи за да им го поткренат имунитетот, кој постојано е атакуван од бактериско-вирусни инфекции кои се шират во градинките и училиштата.

 

 

Наташа Јанчиќ Менковски