Избори 2024

Османи: Изборот е меѓу две алтернативи - интеграција или изолација

16.04.2024 15:05

Ако ја добие довербата од граѓаните, како шеф на државата евроинтеграцискиот процес на земјава може да го заврши за пет години, порача од Дебар, претседателскиот кандидат на ДУИ и коалицијата „Европски фронт“, Бујар Османи. Според него земјата е на раскрсница, а одлуката е на граѓаните...

Претседателскиот кандидат на ДУИ и коалицијата „Европски фронт“, Бујар Османи од митингот во Дебар порача дека ако ја добие довербата од граѓаните, како шеф на државата евроинтеграцискиот процес на земјава може да го заврши за пет години. Рече дека како министер за надворешни работи по 17 години чекање, ги отворил преговорите со Европската унија. Според Османи, овие избори не се избори за гласови, туку избори во кои земјата, нејзината и судбината на граѓаните се меѓу две алтернативи-интеграција или изолација.

Од митингот во Дебар, кандидатот на ДУИ повторно ја повика на дебата неговата противкандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, нарекувајќи ја претставник на алтернативата за изолација. Османи кажа дека како претседателски кандидат се залага и за одржување на партнерството со САД, целосен ветинг, економски рамковен договор и квалитетно образование.

 

Милчо Велески