Новите министри стапија на функција

20.06.2014 15:09

Новите министри се заложија дека посветено ќе работат во остварување на зацртаниците цели и реформи по стапките на нивните досегашни колеги...

Новиот министер за образование Абдукаќим Адеми, со помош од неговиот колега Спиро Ристовски кој останува на функцијата заменик министер, рече дека заеднички ќе ги решавале проблемите за да се подобри образованието.

„Се надевам дека со досегашната динамика, како што работевме како Влада ќе продолжиме и понатаму, се со цел да ги исполниме нашите ветувања“, изјави новиот министер за образование и наука, Абдулаќим Адеми.

„Со новиот министер да ги продолжиме реализациите на проектите кои се досега започнати и новите проекти коишто се предвидени во новата четири годишна програма“, нагласи Ристовски.

Раст и развој на македонската економија како и привлекување на странски инвеститори, ова ќе бидат главните приорите во мандатот на Беким Незири, новиот министер за економија. Ваљон Сарачини кој 3 години раководеше со оваа функција посочи дека во неговиот мандат земјава успеала да ги амортизира предизвиците од светската криза и во едни тешки времиња да се инвестира во домашните бизниси и енергетиката.

„Потпишавме со странскдите и домашните инвеститори над 100 договори за експлоатација на минерални суровини, тие се реални проекти“, нагласи Сарачини.

„Ќе се залагам за раст и развој на економијата во државата“, рече Незири.

Проблемите со загадувањето на животната средина од денеска ќе ги решава Нурхан Изаири.

„Се надевам дека ќе продолжиме во иста насока“, рече Изаири.

Од вчера Зоран Јолевски е на чело на одбрана. НАТО, евроатланските интеграции како и подобрување на стандардот на македонските војници остануваат врвни приоритети.

 

Викторија Тодоровска