Во Охрид продолжи судското рочиште за случајот Пендиков
Денеска во Основниот суд во Охрид продолжи судското рочиште против Илија Спасески и Борче Ангелов кои се обвинуваат дека му нанеле тешки телесни повреди на Христијан Пендиков, секретар на поранешниот бугарски културен клуб во Охрид...

Со искази на двајца сведоци на Обвинителството, денеска во Основниот суд во Охрид продолжи судското рочиште против Илија Спасески и Борче Ангелов кои се обвинуваат дека му нанеле тешки телесни повреди на Христијан Пендиков, секретар на поранешниот бугарски културен клуб во Охрид.
Сведочеа полициски службеник и вработена во угостителски објект во чија близина се случил настанот, а според бранителот на обвинетите полицијата покажувајќи им фотографии од одредени лица на присутните во пабот ја насочувала истрагата.
Тој упати забелешка и на мистериозното заминување на Пендиков од земјава веднаш по инцидентот. Од друга страна застапникот на Пендиков рече дека станувало збор за вообичаена полициска процедура.
