Првенче за Металург во Загреб
30-25, за прва победа на Металург во 5-тото гостување во Загреб

Лесно, рутинирано, на разлика во квалитет екипата на Металург го доби големото дерби од Сеха лигата против актуелниот шампион во регионалното натпреварување Загреб. Се чини и неможе да биде поинаку кога македонскиот вицешампион ги има расположени и максимално подготвени голманот Станиќ во одбраната и Вугринец , Атман и Миркуловски во нападот. Во таква ситуација говорат бројките. Станиќ 16 интервенции, 12 во првото полувреме,Вугринец 8 голови, Атман еден помалку, Муркуловски 5, па и немаше потреба да се форсира Мојсовски кој ретко влегуваше да одмори некој од стартерите на надворешните позиции , а сепак постигна 3 гола.
Металург постојано го контролираше резултатот во Арена Загреб, на полувреме имаше 15-11, највисоки плус 6 во 37-та минута 19-13, а се друго беше рутина, демонстрација зошто Металург практично е веќе и меѓу најдобрите 16 во европа, а без оглед на водството во Сеха,Загреб е речиси без шанси за прогрес во лигата на шампионите.
Во следното коло одново овие два клуба ќе играат меѓу себе , но во Скопје, а до крајот на календарската година Металург го очекува и дербито со Вардар во Сеха.
Зоран Видевски
