Пензионерите бараат цела недела бесплатно да се возат со ЈСП
Од овој викенд пензионерите ќе можат да се возат бесплатно во автобусите на ЈСП и во недела. Задоволни се што 4 дена од неделата можат да ја користат оваа услуга, но дел од нив сакаат секој ден да не плаќаат...

Од денеска освен во вторник, петок и сабота, пензионерите ќе може да се возат бесплатно во автобусите на ЈСП и секоја недела.
Четири дена во седмицата станаа бесплатни за пензионерите кои го користат градскиот превоз. Велат - ова е добро, ама уште подобро ќе биде сите денови да се возиме без пари.
„Добро, во недела да биде сепак ќе биде добро направаено... Тоа е фино, нема да биде гужва само за пазарните денови... Користиме, кога можеме користиме редовно...Многу е добро само не треба да живеат во Скопје, треба и по другите градови да живеат луѓето...Многу добар потег- секоја чест...Убаво е да има ама уште поубаво практиката од Загреб да ја применат тука, сите пензионери сите денови да имаат... Убаво е секој ден да се возат пензионерите бесплатно“, велат случајно анектираните пензионери.
Градоначалникот на Скопје вели дека со тоа што пензионерите добиваат уште еден ден плус бесплатен за викенд, ќе се намали гужвата во автобусите во текот на работните денови. Им одговори и на предлогот за постојано бесплатно возење.
„Да го размислуваме и тоа, значи во координација и во разговори сме со ЈСП, се прават премер пресметките заради тоа што знаете дека секое возење на било која целна група тоа го плаќа градот Скопје“, изјави градоначалникот Коце Трајановски.
Втора година пензионерите користат бесплатен автобуски превоз.
Ана Јосифоска-Тодоровска
