Избори 2024

Јакимовски: Граѓаните заслужуваат подобри здравствени услуги во нови клинички центри

16.04.2024 15:01

Претседателскиот кандидат од коалицијата „Храбро за Македонија“ Стевче Јакимовска побара реформа на здравството во државата. Како претседател ќе се залага за подобри услови за работа на докторите и специјализантите за да се спречи нивно заминување во странство…

Кандидатот за претседател од коалицијата „Храбро за Македонија“ Стевче Јакимовски во Скопје порача дека како претседател ќе се залага за подобро здравство и положба на медицинскиот персонал.

Недозволиво е лекари и специјализанти по долгогодишно образование да ни бегаат во странство оти државата не може да им овозможи пристојни услови за работење, изјави Јакимовски. Побара враќање на зафат од 13 проценти за здравствено осигурување за да има доволно средства за поголеми плати и специјализација на докторите.

Јакимовски како претседател ќе се залага за конечно исполнување на ветувањата за изградба на нов клинички центар во Скопје и клиничка болница во Штип.

Ирина Гелевска