Максим Димитриевски упати апел за телевизиски дуел со останатите политички противници
Максим Димитриевски - претседателскиот кандидат на ЗНАМ, упати апел за телевизиски дуел со останатите политички противници. Смета дека претставниците од помалите партии се речиси невидливи за јавноста, а кампањата не е еднаква за сите...

Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски бара телевизиски дуел со противкандидатите Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова, за како што вели - да ги соочат своите факти и аргументи.
Во спротивно верувам дека истите бегаат од јавна дебата, со единствена цел – немаат што да им понудат и покажат на граѓаните - вели Димитриевски и дополни дека во оваа држава, покрај партиските членства живеат и други граѓани кои имаат право да слушнат што идниот претседател планира да реализира како претседател на сите граѓани.
Лидерот на ЗНАМ, оцени дека претседателските кандидати од помалите партии и другите субјекти се речиси невидливи за јавноста, а кампањата не е еднаква за сите. Граѓаните – вели Димитриевски – не заслужуваат ваква нетранспарентна, селективна и наменска кампања како што има во моментов.
Марина Стојанова - Тонева
