Активности на кандидатот Таравари во Тетово
Како иден претседател ќе преземам конкретни чекори за решавање на политичките монтирани случаи, рече кандидатот за шеф на државата од коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари. Тој посочи дека ќе ангажира западни експерти за контрола на домашните судии и обвинители. Таравари вечер е меѓу граѓаните во Дебар...

Претседателскиот кандидат од коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари најави тело на западни експерти кои ќе ја контролираат работата на домашните судии и обвинители. Со коалицијата „Вреди“, како врвен приоритет ќе имаме формирање на независно, ефективно и правично судство, каде никој нема да биде над законот и никој нема да биде потиснат поради националната припадност.
„Вреди“ се обврзува за создавање на привремено тело на западни експерти, главно од европски земји, кои ќе бидат интегрирани во обвинителските но и судските совети на Македонија, истакна Таравари.
Таравари како што ги нарече политичките монтирани случаи како Монструм, Сопот, Бродец, Алфа и Диво Насеље, ги претворил Албанците во парче месо.
Зоран Димовски
