ЛОИ Париз 2024

Олимпискиот оган запален во античка Олимпија

16.04.2024 20:35

Пламенот беше запален од сончевите зраци во античка Олимпија, на Пелопонез, со пригодна церемонија...

На свечена церемонија, во античка Олимпија денеска беше запален олимпискиот оган за Олимписките игри што ќе се одржат во Париз од 26-ти јули до 11-ти август. Пламенот беше запален од сончевите зраци во античка Олимпија, на Пелопонез, со пригодна церемонија.

Пред неколку илјади гледачи на стадионот се одржа свечената церемонија, а специјални гости беа претседателот на Интернационалниот олимписки Комитет, Томас Бах и првиот човек на Олимписките игри во Париз, Тони Естанж.

Пламенот ќе патува во Франција со брод од 27-ми април, а од 9-ти мај до 25-ти јули ќе патува низ бројни градови на земјата домаќин на Олимписките игри.

Свеченото отворање на најголемиот спортски настан на планетата ќе се одржи на стадионот Сент Дени во Париз на 26-ти јули.