МЗШС

Николовски заедно со земјоделците од Свети Николе денес ги потпишаа првите договори за продолжување на закуп

16.04.2024 19:03

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во Свети Николе оствари средба со земјоделците, на којашто заедно со земјоделците ги потпишаа првите договори, за продолжување на закуп на земјоделско земјиште во Свети Николе...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во Свети Николе оствари средба со земјоделците, на којашто заедно со земјоделците ги потпишаа првите договори, за продолжување на закуп на земјоделско земјиште во Свети Николе.

Минатата недела Владата даде согласност за продолжување на првите светиниколски договори за закуп на земјоделско земјиште, кои истекоа изминатиот период. Токму во таа насока, земјоделците од Свети Николе, веќе почнуваат да ги добиваат продолжувањата на договорите за закуп на земјоделско земјиште.

Постапката веќе започна и веќе на денешната владина седница, исто така имаме доставено нови согласности за продолжување на договорите, нагласи министерот Николовски.

„Владата продолжува со носење на нови согласности, министерството продолжува со склучување на сите договори каде што земјоделците имаат поднесено барања, каде што постапките се завршуваат и оттука повторно порачувам нема отстапки ниту еден милиметар, сите земјоделци коишто имаат поднесено барање во законскиот рок ќе добијат продолжување на договорите за нови 15 години“, истакна министерот Николовски.