ммф

ММФ: Македонската економија со раст од 2.7 %

16.04.2024 19:47

За наредната година се предвидува раст на БДП од 3,7 проценти, а во 2026-та 3,5 насто...

Македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,7 насто, прогнозира Меѓународниот монетарен фонд. За наредната година се предвидува раст на БДП од 3,7 проценти, а во 2026-та 3,5 насто.

Што се однесува до инфлацијата, според анализата, потрошувачките цени годинава ќе се зголемат за 4 проценти, а во наредните две години ќе дојде до нивно натамошно намалување.