Скопје
Дел од Чаир утре без вода
16.04.2024 20:45
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности...

Поради дефект на затварач ф 300 мм на ул. Џон Кенеди бр. 25, прекинато водоснабдување утре ќе имаат корисниците од ул. Џон Кенеди, ул. 380, ул. 376, Максут Садик, Јоаким Крчоски, Самоилова и Гинекологија Мајка Тереза – Чаир.
Како што соопшти ЈП „Водовод и Канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
