Македонија

По изборите решавање на статусот на специјализантите

17.04.2024 08:35

Владата ги прифати барањата на приватните специјализанти. На вчерашната седница донесе одлука, веднаш по изборите да се подготват предлог-законски решенија со коишто ќе се предвидат ...

Владата ги прифати барањата на приватните специјализанти. На вчерашната седница донесе одлука, веднаш по изборите да се подготват предлог-законски решенија со коишто ќе се предвидат нивните севкупни права и одговорности. 

Во 2018 година, приватните специјализанти за првпат беа платени за својот труд со просечна плата на општ лекар, со оглед дека дотогаш, тие немаа финансиски надоместок за ангажманот, а ниту една влада претходно не покажа слух и капацитет да почне со решавање на нивниот работен статус.

Во изминативе неколку години, значително се покачени платите на здравствените работници, подигнати се капацитетите во јавното здравство и е вратено достоинството на сите здравствени работници и соработници, велат од владата.