МВР: 181 санкционирани возачи во Скопје
На територија на град Скопје изречени се вкупно 181 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции ...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 181 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.
