Избори 2024

Утре почнува кампањата за парламентарните избори

17.04.2024 08:48

Во трка за пратеничко место во собранието се 17 партии и коалиции. 13 од нив имаат листи во сите 6 изборни единици. Поднесена е и листа од група избирачи, Ѓула Челику, која влез во парламентот ќе бара само преку шестата изборна единица.

Утре пак, почнува кампањата за парламентарните избори. Во трка за пратеничко место во собранието се 17 партии и коалиции. 13 од нив имаат листи во сите 6 изборни единици. Поднесена е и листа од група избирачи, Ѓула Челику, која влез во парламентот ќе бара само преку шестата изборна единица.

Со измените на Изборниот законик, на гласачкото ливче од број еден до број седум, редоследот на коалициите и на партиите е ист како за претседателските избори.

И на овие избори нема да има тројца пратеници избрани од дијаспората, бидејќи за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва во странство не се пријавиле доволно гласачи, македонски државјани. Парламентарните избори ќе се одржат на 8-ми мај.