САД
Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп
17.04.2024 08:55
Шест поротници се избрани за судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за фалсификување деловни документи во случајот со тајни плаќања за прекривање афера...

Шест поротници се избрани за судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за фалсификување деловни документи во случајот со тајни плаќања за прекривање афера.
Изборот за 12-члена порота која ќе може да биде фер кон поранешниот републикански претседател продолжува до крајот на неделата. Трамп рече дека е неправедно што му се суди наместо да се фокусира на кампањата за нов мандат во Белата куќа.
Ова е прво судење на поранешен претседател во историјата на САД.
