Дубаи
Големи поплави во Дубаи, силното невреме предизвика големи штети
17.04.2024 08:59
Силното невреме го запре сообраќајот на меѓународниот аеродром во Дубаи...

Страотни сцени по обилните дождови што ги зафатија Обединетите Арапски Емирати. Поплавени се делови од главните автопатишта. Силното невреме го запре сообраќајот на меѓународниот аеродром во Дубаи. Во соседен Оман пак, во поплавите загинаа 18 лица, има и исчезнати.
Училиштата низ Емиратите беа главно затворени пред невремето, а владините службеници работеа од дома. Дождот е необичен феномен во овие земји на Арапскиот Полуостров, но повремено се појавува во постудените зимски месеци.
Според метеоролозите, ваков дожд немало изминатите 75 години.
