Избори 2024

Ванковска со апел до противкандидатите за јавно соочување за најважните прашања

17.04.2024 13:56

На граѓаните им должиме јавна дебата и соочување на аргументите пред денот на гласањето, имаат право да направат разлика меѓу нашите решенија за сите важни прашања, смета претседателската кандидатка на Левица ...

Јавна дебата и соочување на аргументите и фактите, тоа е она што граѓаните го бараат од нас и мора да им го дадеме, имаат право да ги споредат нашите ставови по сите битни прашања, пред да одлучат за кого ќе го дадат својот глас.

По прашањето за отворање на Уставот, моите противкандидати избегнуваат дебата бидејќи ќе се види колку се исти и се пазарат околу амандманите, но решението е во граѓански Устав со македонскиот народ како основа на државата, смета кандидатката на Левица Билјана Ванковска.

Срамно е и мешањето на дел од соседните држави во изборната кампања, вели Ванковска.

Ванковска утре ќе ја презентира својата програма пред граѓаните на Велес.

 

Славица Величковска