Украина

Зеленски ќе иницира состанок на Советот НАТО-Украина

17.04.2024 09:23

Комитетот за разузнавачки прашања на Претставничкиот дом на САД, ги повика конгресмените итно да одобрат помош за Киев...

Комитетот за разузнавачки прашања на Претставничкиот дом на САД, ги повика конгресмените итно да одобрат помош за Киев.

Ситуацијата на источниот фронт значително се влоши за украинските војници, а властите тврдат дека причина е недостигот на помош од западните сојузници.

Украинскиот претседател објави дека иницираат состанок на Советот Украина-НАТО за системот за воздушна одбрана.

Во меѓувреме го потпиша Законот за мобилизација со кој мажи од 25 до 60 години може да бидат мобилизирани во секој момент. Според Москва, Зеленски сака да ги докрајчи Украинците.