Скопје
Без струја дел од општина Ѓорче Петров
17.04.2024 09:50
Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе остане дел од општината Ѓорче Петров.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе остане дел од општината Ѓорче Петров.
Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од село Кучково, поточно викендичките во селото кон крстот ќе немаат струја.
