Избори 2024

Силјановска - Давкова: Уставни измени, не по секоја цена

17.04.2024 11:35

Мора да имаме уставен патриотизам, истакна претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска - Давкова која во Гевгелија кажа дека се потребни уставни измени, но не за правење на преамбулата како телефонски именик. Како што кажа, ќе ангажира експертски тим за да ги утврди уставните недостатоци...

Ние имаме социјалдемократи кои се најбогати во светот и не мислат добро на Македонците. Уништија се, а чепнаа и во Уставот без да имаат уставен патриотизам. Вака подвлече кандидатот за претседател на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска - Давкова од Гевгелија која истакна дека е за уставни измени, но не по секоја цена.

Ако ја освои довербата за претседател, Гордана Силјановска - Давкова во Судскиот совет и во Уставен ќе номинира квалитетни и врвни правници, а не партиски членови како досега.

Освен во Гевгелија, Силјановска - Давкова свое претставување имаше и во околните општини Дојран и Валандово.

 

Ване Трајков