Владата го усвои предлог- законот за отпис на долговите
Со оваа мерка ќе бидат опфатени од 50 до 100.000 граѓани, а сите кои ќе сакаат да ги отпишат долговите доброволно ќе треба да поднесат барање...

На денешната Владина седница, еден ден по изборот на новата Влада, усвоен е предлог- законот за отпис на долговите на социјално -ранливите категории на граѓани, информираше на прес- конференција премиерот Никола Груевски.
„Ова е приритетна мерка и е прва која по формирањето на Владата е донесена а се однесува на отпис на еден дел од долговите на граѓаните и оваа мерка се носи еднократно како одговор на државата кон последиците од европската и светската економска криза“, истакна Груевски.
Со оваа мерка ќе бидат опфатени од 50 до 100.000 граѓани, а сите кои ќе сакаат да ги отпишат долговите доброволно ќе треба да поднесат барање.
