Избори 2024

Димитриевски: Граѓаните се тие кои треба да одлучат кој ќе им биде претседател

17.04.2024 13:58

Димитриевски вели дека иако сме парламентарна демократија, извршната власт со камшик удирала по законодавната...

„Се противат на предлогот за избор на претседател на државата во Собранието, со тоа се крши Уставот“, вели кандидатот за шеф на државата од движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Според него, граѓаните се тие кои треба да одлучат кој ќе им биде претседател. Тој смета дека некој се обидува да наметне нов наратив, со кој би се редефинирал карактерот на Македонија, од прост во сложен тип на државно уредување. Димитриевски вели дека иако сме парламентарна демократија, извршната власт со камшик удирала по законодавната.

Димитриевски вели дека како кандидат за претседател води позитивна кампања, но смета дека седумте претенденти не се еднакви во делот на платена политичка програма. Според него, фаворизирани се неколку кандидати, кои имаат огромен тајминг.

Димитриевски смета дека граѓаните заслужуваат да видат дебати меѓу кандидатите.

Наташа Гркова-Петрушевска