избори 2024

Јакимовски на средба со пензионерите во Скопје

17.04.2024 14:09

Пензионериte се најсиромашната категорија граѓани и од нивната социјална положба зависи стабилноста и безбедноста на државата, рече претседателскиот кандидат од „Храбро за Македонија“, Стевче Јакимовски, на средбата со пензионерите во Скопје...

Претседателот нема ингеренции за социјалната политика, но, ако бидам избран ќе се залагам за семејна пензија од 25 илјади денари за секое семејство, изјави претседателскиот кандидат од „Храбро за Македонија“ Стевче Јакимовски на средба со пензионерите во Скопје. Во државата има 330 илјади пензионери кои се најсиромашната категорија граѓани и од нивната социјална положба зависи стабилноста и безбедноста на државата, затоа претседателот има ингеренции да побара подобри услови за достоинствен живот на пензионерите, оцени претседателскиот кандидат Стевче Јакимовски.

Претседателскиот кандидат од „Храбро за Македонија“ смета дека разликата до повисока семејна пензија од 25 илјади денари треба да се финансираат од Министерството за труд и социјална политика.

 

Ирина Гелевска