Избори 2024

Партиите ставија потпис на Кодексот за фер и демократски парламентарни избори

17.04.2024 14:41

Најголемиот дел од коалициите и партиите ставија потпис на Кодексот за фер и демократски парламентарни избори. Дел одбија зашто имаат забелешки за процесот. Од утре, две кампањи.

Јакимовски од ГРОМ и овој пат не го потпиша Кодексот за фер и демократски избори. На ферплеј кампања за состав на новата Влада не се обврза дел од политичките субјекти, меѓу кои и партијата Демократи. Причината за тоа се, како што велат измените во Изборниот законик кои е на штета на помалите партии, а во најголем дел забелешките се однесуваат на финансирањето на партиите.

Учесници на изборите ќе треба да ги почитуваат етичките начела и законската регулатива – истакна претседателот на ДИК, Даштевски.

На претстојните единаесетти по ред парламентарни избори, ќе учествуваат 17 политички субјекти од кои пет коалиции, предводени од партиите СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, албанската опозиција и ГРОМ.

Изборната кампања почнува на 18-ти април. Денот на гласање е 8-ми мај.

 

 

Марина Стојанова Тонева