Избори 2024

Силјановска- Давкова: Потребен ни е уставен патриотизам

17.04.2024 15:02

Потребен ни е уставен патриотизам, не може да се менуваат фактите за создавањето на македонската држава, вели кандидатката за претседател од коалицијата „Твоја Македонија“, Гордана Силјановска-Давкова. Таа денеска организираше трибина на којашто ја претстави програмата во делот на дипломатијата и надворешните работи…

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска-Давкова ја претстави програмата на трибина пред поранешни дипломати и политичари, од сферата на безбедносната и надворешната политика.

Таа смета дека мора да се регрутираат стручни и компетентни кадри за амбасадори за да се промовира земјата на економски, културен и на политички план. Според неа, недозволиво е како досега, во клучните престолнини, земјава да нема свој дипломатски претставник.

Силјановска-Давкова ги презентираше главните заложби од својата програма за професионализација и родова рамноправност во дипломатската служба, формирање центар за извонредност за жени, мир и безбедност, а вели и дека како претседател, ќе го наметнува прашањето за климатските промени како безбедносно прашање.

Во однос на евроинтеграциите, таа рече дека ќе гради консензус со владата и со опозицијата, со единствена цел – заштита на националните и на државните интереси.

Игор Панов