Јакимовски на средби со граѓани во Охрид и Струга
Недозволиво е да се изигруваат граѓаните и да се третираат како монета за поткусурување – порача пред граѓаните на Охрид и Струга претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски...

На овие избори граѓаните да дадат поддршка на оние кои ќе ги штитат националните интереси особено на Македонците во Република Македонија. Недозволиво е да се изигруваат граѓаните и да се третираат како монета за поткусурување – порача пред граѓаните на Охрид и Струга претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.
Претседателот да не биде резултат на уцени и партиско-политички пазарења, порача тој. Иако вели дека економијата и социјалата не се под ингеренции на претседателот, ако нема економски развиена држава и висок БДП, ќе има социјална нестабилност, и државата ќе биде нестабилна а тоа ќе донесе и безбедносни проблеми во трката по гласови, порача кандидатот Јакимовски.
Александра Велинова
