Јанкулоска: Извештајот на Стејт департментот верификација на уште едно постигнување
20.06.2014 16:44
Во 14-от глобален Извештај во кој се опфатени 187 држави во светот, Македонија и овојпат е во друштво со 31 земја кои се категоризирани во првата односно во групата ТИЕР 1...

Македонија повторно е рангирана во групата ТИЕР 1 - држави што целосно ги исполнуваат стандардите за борба против трговија со луѓе во Извештајот на американскиот Стејт департмент. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која одржа прес-конференција заeдно со амбасадорот на САД Пол Волерс, истакна дека ваквото рангирање претставува верификација на уште едно значајно постигнување на нашата земја и јасна потврда за континуираниот ангажман и посветеност во справувањето на овој облик на организиран криминал.
Иако во текот на изминатата година е намален бројот на случаи со трговија со луѓе, за нас е особена голема статисфакција фактот што во Извештајот се нотира дека Владата наметнала доволно строги санкции за осудените престапници, идентификувала повеќе жртви на трговијата со луѓе и усвоила буџет за имплементација на националниот план, рече Јанкулоска.
Во 14-от глобален Извештај во кој се опфатени 187 држави во светот, Македонија и овојпат е во друштво со 31 земја кои се категоризирани во првата односно во групата ТИЕР 1 - земји што целосно ги исполнуваат стандардите во борбата против трговијата со луѓе. Во оваа група се и САД, Велика Британија, Австралија, Австрија, Финска, Франција, Германија, Исланд, Ирска, Италија...
